Нови 68 случаи на коронавирус, вкупно 828

Клиника за инфективни болести во Скопје

Нови 68 случаи на Ковид-19 се регистрирани во земјава, со што вкупната бројката на заразени од новиот коронавирус се зголеми на 828 лица, соопшти денеска Министерството за здравство.

Од институцијата наведуваат дека по градови, во Скопје се регистрирани 15 лица, во Куманово 18, Прилеп 14, Струга 10, Тетово две, и во Битола, Гостивар и Кочани по едно лице.

Во изминатото деноноќие направени се 404 теста и досега во земјава се направени вкупно 8.057 тестирања на коронавирус.

Во соопштението на Министерството за здравство се наведува дека на инфективната клиника се примени двајца нови пациенти, со што вкупно се хоспитализирани 69 лица, од нив 18 се на кислородна поддршка, а осум на респираторна машина.

Во болницата „8 септември“ примени се девет нови пациенти од кои шест се на респираторна машина, додека во болницата во Битола хоспитализирани се шест пациенти кои се стабилни, а еден пациент е повремено на кислородна поддршка. На домашно лекување се следат осум пациенти со лесна клиничка слика.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 13 пациенти, а уште 13 се следат на домашно лекување, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Бројката на смртни случаи од Ковид-19 на глобално ниво рано денеска надмина 108.000, додека бројот на инфекции пријавени од владите ширум светот достигна над 1,77 милиони лица, покажува базата на податоци на Унивирзитетот Џонс Хопкинс.