Иран ги отвора „ниско-ризичните“ бизниси

Коронавирус во Иран.

Иран повторно отвори некои „ниско-ризични“ бизниси во поголемиот дел од земјата, со исклучок на главниот град Техеран, каде тие ќе се рестартираат на 18 април, објави државната новинска агенција ИРНА.

ИРНА соопшти дека претседателот Хасан Рохани ги повикал Иранците да ги почитуваат здравствените протоколи, бидејќи земјата се бори да го спречи ширењето на новиот коронавирус.

„Олеснувањето на ограничувањата не значи игнорирање на здравствените протоколи, социјалното дистанцирање и другите здравствени протоколи треба сериозно да бидат почитувани од страна на луѓето“, беше цитиран Рохани.

Новинската агенција „Тасним“ објави дека Комората на синдикатите доставила до Владата список од „ниско-ризични“ бизниси, кои вклучуваат слаткарници и други продавници за чии активности не се потребни многу луѓе.

Со повеќе од 68.000 официјално потврдени случаи, Иран е најтешко погодена земја на Блискиот Исток од кризата со новиот коронавирус.