Грчките цркви затворени за верниците пред Велгиден

Илустрација

Црквите во Грција оваа недела ќе бидат затворени за верниците, а Светиот Синод ги охрабрува сите верниците да останат дома, посветени на домашна молитва. Ова го изјави претставникот за медиуми на Грчката православна црква митрополитот Јеротеос откако грчките медиуми објавија писмо од Светиот синод со упатства во пресрет на Велигден каде што беше наведено дека црквите, неделата пред Велигден ќе бидат отворени од 11 до 13 часот , а на Велики Петок од 13.00-17 часот.

Митрополитот Јеротеос објасни дека станува збор за препораки наменети за свештените лица, а не за верниците, за кои црквите ќе бидат затворени.Тој истакнал дека Светиот синод во услови на пандемија не охрабрува ниту еден верник да дојде во црква.