Макрон со поддршка за Светската здравствена организација

Францускиот претседател Емануел Макрон

Францускиот претседател Емануел Макрон го поддржа генералниот директор на СЗОТедрос Адханом Гебрејезус, при што наведе дека “одбива да ја види таа организација притисната меѓу Кина и Соединетите држави”. Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека САД ќе го суспендираат финансирањето на Светската здравствена организација, обвинувајќи ја дека не реагирала добро на пандемијата на коронавирусот и оти е премногу пристрасна спрема Кина.

Трамп - „СЗО навистина ја оплеска“

Генералниот директор на СЗО Гебрејезус реагираше со оценката дека не треба да се политизира сегашната пандемија и оти никогаш СЗО не била пристрасна спрема некоја земја.