Брисел препорача продолжување на забраната за влез во ЕУ до 15-ти мај

илустрација

Европската комисија побара од земјите членки на ЕУ да ја продолжат забраната за влез во ЕУ на државјани на трети земји до 15 мај за да се спречи ширењето на коронавирусот .

„Комисијата повикува на координиран пристап од сите земји-членки на ЕУ и Шенген, со ист датум на завршување и на уникатен начин“, се вели во соопштението.

25-годишнината на Шенгенскиот договор за отворени граници се одбележува со спуштени рампи

Влегувањето во шенген-зоната е ограничено на 17 март, на 30 дена. Мерката опфаќа вкупно 30 земји, вклучително и Швајцарија, Норвешка, Исланд и Лихтенштјн.