Поради влошена состојба британскиот премиер Џонсон префрлен на интензивна нега

Британскиот премиер Борис Џонсон

Здравствената состојба на британскиот премиер Борис Џонсон се влоши откако беше хоспитализиран со симптоми на КОВИД-19 и тој е пренесен на интензивна нега, објави неговиот кабинет. Џонсон кој има 55 години, беше примен во Сент Томас болницата во Лондон доцна синоќа, 10 дена откако беше позитивен на тест за коронавирусот.

„Во текот на попладнето, состојбата на Премиерот се влоши и, по совет на неговиот медицински тим, тој е пренесен во Одделот за интензивна нега во болницата“, се вели во соопштението. „Премиерот побара од секретарот за надворешни работи, Доминик Рааб, кој е прв државен секретар, да депонира за него таму каде што е потребно“, се вели во објавата.

Британскиот премиер Џонсон во болница