Сијарто, Трамп и заразена тигрица

МАКЕДОНИЈА - Светиот Архиерејски Синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ–ОА) денеска соопшти дека нема да го прекиние литургискиот богослужбен живот, но дека ќе се прилагоди на новонастанатите услови и на вонредната ситуација, почитувајќи ги донесените мерки за заштита.

МАКЕДОНИЈА - Поради ситуацијата со ширењето на коронавирусот, Владата донесе одлука за приширување на полицискиот час од 16 часот попладне до 5 часот наутро. Продолжениот полициски час почнува од 8 април, соопшти Владата. За викенд се воведува целосна забрана за движење.

МАКЕДОНИЈА - Ние во Европскиот совет ќе се обидеме да издејствуваме најдоцна до мај да ја затвориме рамката за преговорите и најдоцна во јуни да започнеме со самите преговори, изјави шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто, при денешната посета на Скопје, кога донесе унгарска помош - заштитни маски и скафандери на македонската полиција.

САД - Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека гледа трошка надеж во борбата на земјата против ширењето на пандемијата ковид -19.

РУСИЈА - Бројот на заразени од коронавирус во Русија надмина 6.000 лица по најголемиот двоен пораст на заразени од почетокот на епидемијата. Оперативниот штаб на руската Влада денеска соопшти дека се регистрирани 954 случаи во изминатите 24 часа, вкупно 6.343, од кои 4.484 заразени во Москва.

ХРВАТСКА - Хрватскиот министер за труд, Јосип Аладровиќ, изјави дека не ја исклучува можноста земјата да воведе скратување на работната недела поради епидемијата на коронавирусот.

ШВАЈЦАРИЈА - Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, предупреди за, како што рече, застрашувачкиот глобален пораст на семејното насилство поради кризата со коронавирусот и ги повика владите да направат поголеми напори за спречување на насилството врз жените.

САД - Тигрица во зоолошката градина Бронкс во Њујорк е позитивна на коронавирусот, потврди американската ветеринарна лабораторија. Се верува дека тигрицата Надја била заразена од чуварот кој не покажал никакви симптоми на ковид-19.