Трамп гледа светло на крајот на тунелот во борбата со ковид-19

Доналд Трамп

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека гледа трошка надеж во борбата на земјата против ширењето на пандемијата ковид -19. Трамп рече дека бројот на смртни случаи во Соединетите држави ќе достигне „ужасно“ ниво во текот на следните две недели, но додаде: „Ние гледаме светлина на крајот на тунелот“, рече Трамп, додавајќи: „Гледаме дека се случуваат работи што се многу добри“.

Препораки за носење маски во САД

Трамп, кој се кандидира за повторен избор за оваа година, беше критикуван за давањето премногу оптимистички изјави за состојбата на пандемијата во земјата.