Временска прогноза: Променливо облачно и дождливо време

Денеска не очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд проследено со засилен ветер од североисточен правец.Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната од 8 до 14 степени.
Во Скопје слично време со минимална температура од 6 степени, а дневната ќе достигне 12 степени Целзиусови.

Од понеделник следува период на стабилно и сончево време со ниски утрински температури, а дневните температури ќе бидат во пораст.