РКЕ апелира тие што можат - редовно да ги плаќаат сметките за струја и вода

Марко Бислимовски, Регулаторна комисија за енергетика

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски ги повикува граѓаните во периодот на пандемија од Ковид 19 ги задржаа своите редовни примањанавремено даги подмират своите сметки за струја, греење и вода. Тој апелира до потрошувачите кои што и натаму имаат исти примања како претходно, да си ги подмируваат редовно сметките за да не настане сериозен проблем со ликвидноста.

„Тоа е еден маѓепсан круг, ако ЕВН не собира пари, ќе имаат проблем за работа МЕПСО и ЕСМ и ќе имаме проблеми со сите водни претпријатија. Оваа мрежа ќе треба да продолжи да им служи на граѓаните и по завршувањето на оваа вонредна состојба“, порача Бислимоски.

Тој ги пофали пензионерите, кои како што рече, веднаш по добивањето на пензијата, која беше дадена малку порано, почнаа да ги плаќаат своите сметки.

РКЕ им препорача на ЕВН, Водовод и БЕГ да не ги исклучуваат за неплатени сметки граѓаните кои се погодени од кризата.