Унгарските власти веруваат дека се цел на лов на вештерки

Виктор Орбан

Унгарските власти оценија дека тие се цел на „лов на вештерки“ поради мерките што ги презедоа за борба против ширењето на коронавирусот. Претседателот на Европската комисија Урсула фон дер Лајен претходно изјави дека е „посебно загрижена“ за ситуацијата во Унгарија, откако донесе посебни мерки за справување со епидемијата. „Разбирам дека земјите-членки треба да преземат итни мерки за да се справат со тековната здравствена криза. Сепак, јас сум загрижена што некои мерки одат премногу далеку. И јас сум особено загрижена за ситуацијата во Унгарија“, рече таа.

Унгарскиот парламент му одобри вонредна моќ на Орбан

Унгарскиот парламент усвои контроверзен закон кој му дозволува на премиерот Виктор Орбан да воведе вонредна состојба со неограничено траење во борба против епидемијата. Со законот, исто така, се воведува и до пет години затвор за ширење „лажни вести“ за вирусот или за владините мерки.