Филипче: Имаме најголем број на тестови во регионот на милион жители

Прес-конференција на министерот за здравство, Венко Филипче за состојбата со коронавурусот во Македонија.

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција изјави дека се регистрирани 30 нови случаи на коронавирус, а вкупната бројка на заболени е 384 лица. Тој информираше дека на Клиниката за инфективни болести има 64 пациенти од кои 6 се нови, а 8 се со потешка клиничка слика. Неколку од нив, според Филипче се во добра состојба и ќе бидат тестирани во следни денови, доколку тестовите се негативни ќе бидат отпуштени од болница. Капацитетот на клиниката, како што посочи, е до половина исполнет. Филипче напомена дека сите случаи на коронавирус дијагностицирани во изминатиот период се должат на локална трансмисија.

„Во однос на тестирањето имаме најголем број на тестови во регионот на милион жители освен Словенија. Досега има направено 4117 тестови. Сметам дека тоа е одличен резултат и не станува само збор на бројка на тестови туку севкупен пристап кон пациентите““, истакна Филипче.

Околу времето од тестирањето до добивањето на резултатот, министерот појасни дека постапката обично трае 24 часа. Сите јавно-здравствени установи, според него, се придржуваат до препораките за третман на итни и неодложни пациенти, вклучувајќи ги и оние со малигни заболувања. Филипче порача дека се уште не се размислува за воведување на кризна состојба во Куманово по примерот на Дебар.

„Во моментот кога се донесоа мерките за Дебар немаше вонредна состојба и немаше рестрикција на движења. Нашата анализа на движењето и контактите на заболените укажуваат дека засега не треба да се заострувааат мерките“, порача тој.

Филипче: Мобилната болница е подготвена, се надевам дека нема да ни треба

Тој истакна дека има доволен број на респиратори, односно близу 120 во државата, а 80 респиратори има во Скопје. Но, и покрај предвидувања ќе се набават дополнителни респиратори за да бидат подготвени за за сите сценарија.

За тестовите во приватната болница Систина, кои покажуваат само присуство на анти тела на коронавирусот, односно сомнение дека е некој болен, според стручното мислење, како што порача Филипче, мора да се прават и дополнителен тестови за да се види дали навистина некој е позитивни на вирусот.

Филипче информираше и дека заразен е и психијатар кој работел во болница во Демир Хисар. Со оглед на тоа што бил во контакт со колеги препорачана е нивна самоизолација. Владата објави и интернет страница со сите информации за состојбата со коронавирусот во земјата.