Времето денеска: врнежи од дожд и снег

Под влијание на влажен и студен воздушен бран ќе има врнежи од дожд кои на места ќе бидат до над 25 л/м2. На планините ќе врне снег. Во текот на денот врнежите ќе преминуваат од дожд во снег и во некои пониски места и ќе се формира тенка снежна покривка. Дневната температура ќе биде од минус два до шест степени. Во Скопје и околината слично време со температура до четири степени.