Руската дума го отвори патот за прогласување вонредна состојба

Архива - рускиот премиер Михаил Мишустин.

Руските пратеници го дадоа првичното одобрение за легислативата која ќе му овозможи на премиерот Михаил Мишустин да прогласи вонредна состојба, откако земјата забележа рекорден раст од 27 проценти на потврдени паценти заболени од коронавирусот, што досега е најголемо зголемување во еден ден.

Предлог-законот кој денеска го одобри Долниот дом на Парламентот, Државната дума, дозволува Владата да прогласи вонредна состојба низ земјата и да воспостави задолжителни правила на однесување за време на вонредната состојба.

Исто така е одобрена казна од пет години затвор за оние кои „свесно“ шират лажни информации за време на „природни или вештачки предизвикани итни случаи“, како и до седум години затвор за прекршување на санитарните и хигиенските регулативи, како што се карантините.

Легислативата доаѓата откако здравствените официјални претставници објавија податоци кои покажуваат дека бројката на заболени од коронавирусот се зголеми за 500 во однос на претходниот ден, кога имаше 2.337 случаи. Ова беше седми ден по ред на зголемување на бројот на случаи.

Федералната работна група за борбата пртотив короанавирусот денеска соопшти дека бројот на починати во текот на ноќта се зголемил од осум на 17.

Критичарите и руските граѓани изразија скепртицизам за точноста на официјалните бројки и покренаа прашања за тестирањата на државата за вирусот.