Повеќе од 400 000 заболени од Ковид во Европа, починати над 26 000

Илустрација- коронавирус

Повеќе од 35 000 луѓе умреа во светот од коронавирусот кој почна да се шири минатата година во Кина, а најголемиот дел од смртните случаи се во Европа, јавува агенцијата Франс Прес.

Вкупно досега починаа 35 905 луѓе, од кои 26 076 во Европа. Најпогодена земја е Италија, со 11 591 починат, по неа следува Шпанија со 7 340 починати, а трета е Кина со 3 304 смртни случаи.

До денеска се регистрирани повеќе од 740 000 потврдени случаи на заболени од коронавирусот во 183 земји во светот. Од нив 408 203 се во Европа, речиси 150 000 во Соединетите Американски Држави и Канада каде што има и 2 635 починати, а 106 609 заболени има во Азија каде што бројот на починати изнесува 3 827 лица.