Слика од Ван Гог украдена од холандски музеј затворен поради коронавирусот

Архивска фотографија- вработени во холандски музеј закачуваат слика од Винсент Ван Гог

Крадци украле слика од Винсент Ван Гог откако упаднале во холандски музеј кој е затворен за јавноста поради пандемијата од коронавирусот, соопшти директорот на музејот денеска. Тој појасни дека тие минатата ноќ упаднале во музејот кој се наоѓа во Ларен, околу 30 километри југоисточно од Амстердам. Сликата е од 1884 година и е една од серијата изработени додека сликарот престојувал во домот на неговиот татко. Според локалните медиуми вредноста на делото се движи од еден до шест милиони евра.