Економскиот пад од коронавирусот ќе биде полош од 2008 година

илустрација

Шефот на Светската трговска организација Роберто Азеведо изјави дека проекциите покажуваат оти економскиот пад и загубите на работни места предизвикани од пандемијата на коронавирус ќе бидат полоши од рецесијата во 2008 година.

Коронавирусот го турка светот во голема рецесија

„Неодамнешните проекции предвидуваат економски пад и загуби на работни места полоши од глобалната финансиска криза пред десетина години“, рече генералниот директор Азеведо во видео-пораката објавена на веб-страницата на оваа организација со со седиште во Женева. Тој додаде дека конкретните предвидувања сè уште не се достапни, но оти неговите економисти очекуваат „многу остар пад на трговијата“.