Нови 683 смртни случаи во Италија

Илустрација - медицинско лице во Италија третира пациент заболен од Ковид-19.

Италија забележа 683 нови смртни случаи предизвикани од коронавирусот, со што вкупниот број на починати се зголеми на 5.210.

Бројот на заразени луѓе се зголеми на 74.386, со што во следните неколку дена може да се случи бројот на заразени во Италија да ја надмине Кина, пишува АП.

Италија претходно информираше за поголем број на смртни случаи од заболени од Ковид-19 во однос на Кина, каде вирусот за прв пат се појави.

Д-р Масимо Гали од миланската болница рече дека случаите на заразени кои се пријавуват овие денови, се инфицирани пред да бидат воведени мерките за карантин на 11 март. Тој додаде дека верува оти мерките нема наскоро да бидат укинати.

Неговиот тим во болницата „Sacco“ направи проценки дека вирусот во Италија е присутен од 25 или 26 јануари, но и дека било потребно скоро еден месец за да биде откриен.