Доктори и политичари

ИНДИЈА - Индија воведе целосно национално затворање во обид да го забави ширењето на коронавирусот, придружувајќи се на растечкиот список на земји што презедоа сличен потег.

МАКЕДОНИЈА / БЕЛГИЈА - ЕУ ќе ѝ помогне на Северна Македонија во борбата против коронавирусот со 66 милиони евра, информираше преку Твитер објава, евроамбасадорот во земјава, Самуел Жбогар.

МАКЕДОНИЈА - Во изминатите 24 часа, до денеска до 12 часот, се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата, информираше министерот за здравство Венко Филипче, на неговиот официјален Фејсбук профил. Од нив, во Скопје се регистрирани нови 20 случаи, во Куманово и во Велес по три, во Прилеп два и еден во Дебар.

СРБИЈА - Српскиот министер за здравство Златибор Лончар денеска изјави дека 65-годишна жена од Ниш починала од последици од новиот коронавирус, што е четврта жртва на Ковид-19 во Србија.

САД - Американските сенатори и Белата куќа се согласија за условите на пакетот економски мерки, соопшти Белата куќа. Деталите за конечниот договор допрва треба да бидат објавени.

СЛОВЕНИЈА - Доктор Матјаж Лесковар од словенечкиот Институт Јожеф Стефан, направил анализа и симулација која покажува дека епидемијата со коронавирусот во земјата може да заврши до крајот на април, јави дописникот на МИА од Љубљана.

ТУРЦИЈА - Истанбулското Обвинителство соопшти дека е подготвено обвинение за 20 осомничени за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги. Според Обвинителството, обвинението ги вклучува и поранешниот заменик-генерален разузнавач на Саудиска Арабија, Ахмед ал Асири, и поранешниот советник на кралското семејство на Саудиска Арабија, Сауда ал-Кахтаниј. Тие се обвинети за поттикнување убиство со предумисла со монструозна намера.

АВГАНИСТАН - Припадници на Исламска држава, денеска убиле 25 луѓе во верски комплекс на Сиките во Кабул, соопшти авганистанската полиција, пренесе АП.

РОМАНИЈА - Романското Министерство за здравство соопшти дека 34 лекари и 49 медицински сестри и болничари од регионалната болница во Сучева, Северна Романија, се заразени со коронавирус.