Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш повика на итен прекин на огнот насекаде низ светот за поради пандемијата на коронавирусот. „Жестокоста со која напаѓа вирусот покажува дека е лудо да се војува“, рече Гутереш во краткото обраќање во седиштето на ООН, без да наведе ниту една земја.
Граѓанската војна во Сирија влезе во 10-та година
Експертите и дипломатите стравуваат дека вирусот ќе убие многу луѓе во земјите со војна, кои имаат посиромашни здравствени системи. „Дојде време да ги оставиме вооружените конфликти настрана и да ги насочиме нашите напори на вистинската борба на нашите животи. Спуштете го оружјето, замолчете ги пиштолите, прекинете ги воздушните напади“, побара Гутереш, велејќи дека е клучно да се воспостават хуманитарни коридори што ќе спасат животи.