Двајца претставници на американскиот Конгрес заразени со коронавирус

Републиканецот Марио Дијаз-Баларт од Флорида,

Двајца членови на Претставничкиот дом на Соединетите држави објавија дека биле позитивни на тестот за коронавирусот, со што станаа првите членови на Конгресот, за кои се знае дека се заразени од оваа болест.

Републиканецот Марио Дијаз-Баларт од Флорида, кој е на возраст од 58 години и демократот Бен Мекдамс од Јута кој има 45 години изјавија дека се самоизолирале откако тестовите покажале дека имаат зараза со вирусот Ковид-19.

Податоците од денеска покажуваат дека со вирусот се инфицирани над 227.000 луѓе, а починаа 9.300 луѓе ширум светот.

Во САД има над 9.200 инфицирани со вирусот и 150 смртни случаи.