Расте бројот на заразени од коронавирусот во светот

илустрација

Глобалната пандемија на коронавирус зафати околу 200,00 луѓе низ целиот свет, предизвикувајќи масовни нарушувања додека владите продолжуваат да се обидуваат да го забават ширењето на новата респираторна болест. Со потекло од Кина кон крајот на декември, вирусот предизвика скоро 8.000 смртни случаи низ целиот свет, додека лидерите на Европската унија се согласија да ги затворат надворешните граници на блокот за 30 дена.

Може ли топлото време да го победи коронавирусот?

Во Соединетите држави, Западна Вирџинија стана последната од 50-те држави во земјата што дијагностицираше случај на болеста КОВИД/19 која ја предизвикува коронавирусот.. Неколку земји, вклучувајќи ги Соединетите држави, Велика Британија и Холандија објавија стимулативни пакети од неколку милијарди долари за да ги ублажат потенцијалните економски последици од вирусот