Дука: Да престанат лажните вести за Дебар

Дебар, кризна состојба

Дебарскиот градоначалник и прв човек на локалниот Оперативниот штаб Хекуран Дука денеска побара да престане ширењето на лажни вести поврзани со Дебар, кои како што рече, ги има на локални портали но и на некои од медиумите.

„Лично и од име на штабот ги демантираме лажните информации кои се шират во јавноста за како што наведуваат немање на лекарски екипи“ рече тој и додаде дека во Дебар моментално има доволно инфектолози и епидемиолози. Сепак, како што јавува нашиот дописник од Дебар, оценка на градоначалникот е дека во наредниот треба да се планира зголемување на лекарскиот кадар ако дојде до понатамошно влошување на состојбата .

Директорот на Болницата во Дебар Баки Алили изјави дека екипите на специјалисти се доволни и ги преземаат сите потребни активности како во болницата така и на терен.

Во меѓувреме единствената приватна педијатриска амбуланта, за општините Дебар и Центар Жупа, во следните 14 дена ќе биде затворена, поради позитивен случај на ковид-19 кај еден од вработените.

Министерот за здравство Венко Филипче вечерва соопшти дека двајца доктори и две медицински сестри од Дебар се позитивни на коронавирус. Токму затоа двајца пациенти од Клиниката за пулмологија од утре ќе работат во општата болница во Дебар, како поддршка на здравствениот персонал таму.