ИД до своите борци: Не одете во Европа и ставајте рака кога кашлате

Исламска држава им порача на своите припадници да не патуваат во Европа поради коронавирусот, а тие што се веќе во Европа да не ја напуштаат, како и да си ги мијат и да си ја покриваат устата кога кашлаат, пренесе Ројтерс.

Овие препораки до борците на терористичката организација биле испратени преку билтенот „ИС-ал Наб“ во текот на изминатиот викенд, а како што пренесува „Ројтерс“, предупредувањето, наводно, содржи и цртежи и упатства за тоа како да се избегне зараза.