Пет нови случаи на заболени од коронавирус

Прес конференција на министерот за здравство Венко Филипче

Потврдени се пет нови случаи на заболени од коронавирус и двајца дијагностицирани во друга лабораторија кои треба дополнително утре да се потврдат во лабораторија во Институтот за јавно здравје, соопшти вечерва на прес конференција министерот за здравство Венко Филипче. Тој додаде дека четворица од новозаболените доаѓаат од Дебар каде се евиднетирани вкупно 16 заболени. Тие ќе продолжат да се лечат во домашни услови, изјави Филипче.

Една пациентка од Скопје која е заболена од корона вирус и веќе хоспитализиранапристигнала од Виена на 12 март а патувала од Холандија,досега била во домашна изолација. Во домашна изолација се и останатите 30 патници кои слетале со тој авион како и таксистот кој ја возел од скопскиот аеродром до дома.

А другите двајца пациенти кои направиле тестови во приватна клиника се од Скопје и нивните тестови ќе бидат повторно направени во Институтот за јавно здравје.

Останатите кои се наоѓаат во инфективна клиника се во добра здравствена состојба, вели Филипче