Визното одделение во Германската амбасада се затвора на неопределено време

Како последица на прогресивното ширење на коронавирусот (ковид-19), Конзуларното одделение, вклучително и Визното во Германската амбасада, се затвора веднаш на неопределено време за нормален проток на посетители. Сите веќе закажани термини ќе бидат автоматски пререгистрирани од страна на Амбасадата за некој подоцнежен термин, соопштија денеска од Германската амбасада во Скопје.

„Ако имате исклучиво германско државјанство и Вашиот германски пасош и/или лична карта ќе стане невалиден во следните два месеца или веќе е неважечки, Ве молиме да нѐ контактирате по мејл на info@skopje.diplo.de. Ве молиме со мејлот да приложите копија од Вашиот пасош и/или лична карта. Амбасадата ќе информира на нејзината веб-страна www.skopje.diplo.de, штом ќе се нормализира протокот на посетители и повторно ќе може да има термини“, стои во соопштението од Амбасадата.