Спасовски: Владата ќе му помогне на бизнис секторот

Премиерот Оливер Спасовски на владина седница

Владата ќе преземе чекори за помош на економијата која е под удар на сегашната состојба со коронавирусот, изјави премиерот Оливер Спасовски во вчерашното он лајн интервју.

“Оваа состојба е удар и врз економијата и врз целото општество и не е ограничена само на нашата земја. Здравјето и животот на луѓето се над се и пред се и немаат цена. Паралелно со грижата за животот и здравјето на граѓаните, што е врвен приоритет, работиме и на сите други аспекти од општественото живеење, пред се на економијата. Некои мерки се радикални, но се неопходни за да се побрзо да се превенира ширењето на вирусот”, кажа Спасовски.

Тој посочи дека се прават напори за зачувување на економијата и се подготвуваат низа мерки за директна помош. Како најпогодени сектори ги наведе транспортот, туризмот и угостителството. Најави дека од денеска економскиот тим на Владата ќе преземе конкретни чекори со точно дефинирани временски периоди за помош на бизнис секторот.