Курти: Сѐ уште не го убедив ДСК за таксите

Албин Курти

Премиерот на Косово, Албин Курти соопштидека сè уште не успеал да го убеди својот коалициски партнер, Демократскиот Сојуз на Косово, данокот од 100 проценти за српски производи постепено да се заменува со воведување на реципрочни мерки.

„Жал ми е за тоа“, напиша Курти во објавата на Фејсбук, обраќајќи им се на граѓаните.

Тој побара извинување дека неговиот план сè уште не преминал во конкретна одлука. На крајот на февруари, Курти најави план за постепено укинување на таксите почнувајќи од суровините, од 15 март.

Демократскиот Сојуз на Косово бара целосно укинување на данокот, што е и барање на Соединетите Држави.