Руска авиокомпанија нема да лета до 18 европски градови поради коронавирусот

An Airbus A320 Aeroflot

Русија откажува летови до многу европски дестинации во обид да го спречи ширење на коронавирусот. Руската државна авиокомпанија денеска објави дека ќе ги откаже сите летови до 18 градови во четири земји односно до градови во Италија, Шпанија, Франција и Германија до крајот на април. Во овие четири земји бројот на заразени со Ковид- 19 е над илјада.

Италија е една од најпосакуваните туристички дестинации за руските туристи и воедно е земја која е најтешко погодена од овој вирус со над десет илјади евидентирани случаи на заразени со коронавирусот.

Во Русија засега има само 20 евидентирани случаи на коронавирусот.