Путин на чекор до кандидатура за нов мандат

Горниот дом на рускиот парламент го одобри предлогот за уставни измени со кои ќе му се овозможи на претседателот Владимир Путин да се кандидира за петти претседателски мандат во 2024 година. Со 160 гласа „за“ и еден против, предлогот помина и во вториот парламентарен филтер откако претходно долниот дом на рускиот парламент, Државната Дума го одобри предлогот.

Ова ја зголемува можноста тој да остане на власт до 2036 година, ако победи во 2024 година, а потоа повторно биде избран за шест години. Уставните измени мора да бидат одобрени од Уставниот суд, а за 22 април е закажан и референдум за ова прашање.