Меркел: Со ковид 19 може да се заразат и до 70% од Германците

Германската канцеларка Ангела Меркел

До 70% од населението веројатно ќе биде заразено со коронавирусот што во моментов се шири низ целиот свет, рече германската канцеларка Ангела Меркел, додавајќи дека бидејќи во моментот нема лек, фокусот треба да биде на забавување на неговото ширење, пренесе Ројтерс.

„Кога вирусот е таму, населението нема имунитет и не постои терапија, тогаш 60 до 70% од населението ќе биде заразено. Процесот треба да се фокусира на непреоптоварување на здравствениот систем со забавување на ширењето на вирусот“, рече Меркел на прес-конференција во Берлин, што беше нејзино прво обраќање по епидемијата на Ковид 19.