Партиски лидери утре на координација кај Спасовски за коронавирусот

Премиерот Оливер Спасовски

Премиерот Оливер Спасовски за в четврток во 13 часот закажа координација на претставници на политичките партии во врска со реализацијата на владините мерки за справување со коронавирусот. На координацијата, како што потврдија од Владата, присуство потврдиле лидерите и плус уште еден претставник на партиите СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, БЕСА, ДПА, Алијанса и Алтернатива. Од Владата на брифинг со медиумите порачаа дека сега никој не треба да профитира политички. Во овие услови на ваква криза секој оној кој ќе калкулира за политика, за политички поени, за сензационализам и за што било на грбот на граѓаните и нивното здравје, некој да гради своја среќа на туѓа несреќа е осудено на пропаст, истакнуваат од Владата.