ЕУ го повика Ердоган да го почитува договорот за мигрантите

претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган

Лидерите на Европската унија ја повикаа Турција да ги почитува одредбите на договорот со кој мигрантите треба да се држат подалеку од европските граници. До ова дојде во текот на вчерашните разговори на лидерите на ЕУ со претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган кој престојуваше во Брисел. Имаше одредена тензија по разговорите, бидејќи Ердоган наместо да одржи заедничка конфренција со претседатлката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел директно отишол на аеродром. „Јасно е дека имаме несогласувања, но зборувавме отворено. Беше тоа добар разговор“, изјави по состанокот Фон дер Лајен. Ердоган кој бара поголема помош во Сирија реши да ги отвори границите и да ги пушти мигрантите кон Европа.