Се урна хотел во Кина, 70 луѓе затрупани

Околу 70 луѓе денеска останаа затрупани под урнатините на хотел во источната кинеска провинција Фуџијан, наведуваат официјални извори.

Хотелот со 80 соби неодамна беше претворен во карантин за лица кои биле во контакт со заразени од коронавирусот, објави весникот Женмин жибао.

Хотелот во градот Кванжоу со урна нешто пред пладне во средноевропско време, а во наредните часови беа евакуирани 23 лица.

Новинската агенција Синхуа објави дека спасувачките екипи се на лице место.