Единствената заболена во Македонија денеска негативна на тестот за коронавирус

Клиника за инфективни болести - Скопје

Министерството за здравство денеска соопшти дека контролниот тест на единствената пациентка заболена од коронавирус во земјава денеска бил негативен.

„Значи дека опаѓа нејзината инфективност, но согласно процедурата, истиот ќе биде повторен по 48 часа“, информира Министерството.

На корона била негативна и нејзината ќерка, со која заболената е во контакт.

Министерството исто така соопшти дека и двајцата странски државјани кои денеска беа задржани во карантин во еден скопски хотел немаат коронавирус.