Брз воз излета од шините во Франција, 22 повредени

Брз воз (ТГВ) со 348 патници, кој сообраќај на релација Стразбур – Париз, излетал од шините кај Ингенхајм при што се повредени 22 патници, соопштија денеска локалните власти во источна Франција. Четворица од повредените се хоспитализирани, а другите се пуштени на домашно лекување.

Несреќата се случила утринава во 7 часот.

Возот излета од шините додека возел со 270 километри на час.

Како причина за несреќата се наведуваат обилните дождови во тој дел на Франција.