Први два случаја на коронавирус во Босна и Херцеговина

БиХ- прес конференција на министерот за здравство и социјална помош, Ален Сераниќ, 05.03.2020

Првите два случаја на заболени од коронавирусот се регистрирани во Босна и Херцеговина. Станува збор за средновечен маж кој работи во Италија и неговото дете, рече денеска министерот за здравство и социјална помош, Ален Сераниќ.

Тие се од градот Бања Лука во Република Српска. Босна и Херцеговина е четвртата балканска земја во која е регистриран заболен од коронавирусот. Досега случаи има во Македонија, Грција и Хрватска.