САД- талибанците главно се придржуваат до мировниот договор

Вашингтон- Секретарот за одбрана на САД Марк Еспер зборува во Сенатот, 04.03.2020

Шефот на американската одбрана пред сенаторите рече дека првичните резултати од мировниот договор се Талибанците се измешани, но инсистираше дека екстремистичката група се придржува до договорот и покрај насилствата во Авганистан.

Секретарот за одбрана Марк Еспер на панелот во Сенатот рече дека екстремистите го почитуваат договорот со тоа што не ги напаѓаат американските и коалициските сили, но не се придржуваат до условите за намалување на насилството. Коментарите доаѓаат откако Пенагон и американските сили извршија одбранбен воздушен напад против талибанските бунтовници во јужната авганистанска провинција Хелманд откако Талибанците нападнаа контролен пункт на авганистанските сили.Во серијата напади на Талибанците деновиве загинаа најмалку 20 авганистански војници.

Соединетите Американски Држави и Талибанците го потпишаа договорот на 29 февруари во Доха, Катар. Со него се предвидува распоред на повлекување на американските војници од Авганистан по повеќе од 18 години во замена за различни безбедносни обврски од бунтовниците и ветувања дека ќе водат разговори со владата во Кабул.