Вонредни превентивни мерки поради коронавирусот во 3 грчки региони

Претставникот за Ковид-19 во Министерството за здравство на Грција, професор Сотирис Циодрас, синоќа соопшти дека владата, по препорака на Комисијата на експерти за заразни болести одлучила, на 48 часа да се затворат сите државни и приватни образовни институции и да се откажат сите масовни собири, како театри, кина, спортски и културни настани, посети на археолошки локалитети и музеи во три грчки региони- Ахаиа, Закинтос и Илиас.

Одлуката важи денеска и утре, а доаѓа по последниот, деветти, потврден случај на коронавирусот во Грција, кај лице жител на еден од конкретните региони.

Инаку, лицето заразено со новиот коронавирус во градот Патра, последниот потврден случај во Грција, е со сериозна пневмонија, но во стабилна состојба.