Вучиќ: најавата на Курти за намалување на царините е обид за измама

Архивска фотографија- претседателот на Србија Александар Вучиќ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја коментираше најавата на косовскиот премиер, Албин Курти, дека царините од сто отсто за српските производиделумно ќе бидат укинати. Според Вучиќ се работи за „нов трик на Курти“, а американскиот претставник Ричард Гренел е апсолутно во право во изјавата дека САД не ги поддржуваат „полумерките“ на косовскиот премиер, јави дописникот на МИА од Белград.

„Ден пред мојата посета на САД решија да ги укинат таксите за да немам тема таму. Тој смисли дека таксите ќе бидат укинати еден ден пред мојот престој во Берлин, седум дена пред неговата посета и два дена пред големиот самит во Виена“, ја коментираше Вучиќ, како што кажа „измамата на Курти.“

Американскиот специјален претставник за дијалогот Белград- Приштина, Гренел претходно објави дека САД не ги поддржуваат полумерките на косовскиот премиер Албин Курти за делумно укинување на царините за стоки од централна Србија.

„Нашата позиција е сосема јасна: таксите мора да бидат целосно укинати. Курти прави сериозна грешка и ова му е јасно ставено на знаење на косовскиот претседател Хашим Тачи во Белата куќа“, напиша Гренел на Твитер во врска со постепеното и условно укинување на царините на стоки од централна Србија и БиХ.