Путин го оправдува полициското насилство на ланските протести

Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека демонстрантите кои учествуваа во бранот протести минатото лето ги провоцирале безбедносни сили кои одговориле со насилство.

Во интервју за руската новинска агенција ТАС , Путин вели дека луѓето кои се жалат дека биле тепани од полицијата на вакви митинзи „прво мора да добијат дозвола за митинг, а потоа да ги искажат своите мислења“.

На прашање како го коментира видеото на кое се гледа дека полициски службеник „удира врз жена демонстрант, а за што никој не одговарал“, Путин рече дека „ако луѓето постапуваат според постојните правила и закони, тогаш кој ќе заниша со палката? Напротив, полицијата ќе ги заштити “, вели Путин.

Забраната за кандидати да бидат на гласачкото ливче за изборите за градската Дума ,предизвикаа бран протести во Москва и на други места во Русија минатото лето, од кои некои беа насилно потиснати од полицијата, а илјадници беа кратко притворени, што пак предизвика меѓународна осуда.