Мирчеа Џоана: Се радуваме што ќе ја примиме Северна Македонија во НАТО

NATO logo.

Се радуваме што ќе ја примиме Северна Македонија како наш сојузник, се радуваме на процедурата на конечна ратификација во еден од националните парламенти, изјави денеска заменик генералниот секретар на НАТО Мирчеа Џоана во интервју за романскиот сервис на Радио Слободна Европа.

До неговата изјава доаѓа во време кога Долниот дом на шпанскиот Парламент изутрината го ратификуваше Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО. Шпанија е последната земја од членките на НАТО, која се уште не го ратификувала Протоколот.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Џоана: Радосни сме што ќе ја примиме Северна Македонија како наш сојузник


Заменик генералниот секретар на НАТО рече дека Алијансата веќе подготвува и очекува убава церемонија за кревањето на знамењето на Северна Македонија.

"Западниот Балкан продолжува да претставува за НАТО, и за ЕУ, важен дел од нашиот безбедносен интерес" изјави Џоана.

Тој потсети дека НАТО денес е присутен во Косово, и оти Црна Гора стана нов сојузник, откако веќе претходно дел од Алијансата станаа и Хрватска и Словенија, како и дека Албанија е важен сојузник на Алијансата во регионот.

"Со сето ова јасно е дека пристапувањето на Северна Македонија е знак дека политиката на отворени врати е вистинска и кредибилитетна, и второ, дека Западниот Балкан навистина останува зона на интерес"изјави заменик генералниот секретар на НАТО Мирчеа Џоана.

Долниот дом во Шпанија го ратификуваше Протоколот за НАТО, следен е Сенатот