Од понеделник на полноќ кабелските нема да емитуваат македонски телевизии

Илустрација

Здружението на информатичко-комуникациските технологии, кое ги обединува сите кабелски оператори, денеска донесе заклучок да го прекине реемитувањето на сите домашни и странски ТВ канали на 2 март, вечерта на полноќ. Исклучок ќе бидат каналите на јавниот сервис: МТВ1, МТВ2 и собранискиот канал.

„Како општествено одговорни компании и имајќи ја предвид сериозноста на ова прашање, операторите по средбите со државниот врв се согласија да го одложат датумот за прекин за 2 март 2020 година на полноќ, за да остават простор за изнаоѓање законско решение во интерес на граѓаните“, соопшти попладнево Здружението.

Операторите неделава се заканија дека ќе прекинат со реемитувањето на сите домашни и странски канали. Причината е стапувањето во сила на Законот за аудио и аудиовизуелни и медиумски услуги, кој предвидува тие да гарантираат за авторските права на програми кои ги реемитуваат и за тоа да сносат материјална и кривична одговорност. Од Македонската медиумска асоцијација во која се Сител, Телма, Канал 5, Алфа и Алсат-М тврдат дека ги купуваат авторските права за сè што емитуваат, а некој им прави нелојална конкуренција со пиратска програм