ОН: внимателно со карантинот, да запре дискриминацијата поради коронавирусот

Илустрација- медицински работници на аеродром

Високиот комесар на Обединетите нации за човекови права Мишел Башелет побара да се покаже солидарност со луѓето од азиско потекло кои се подложни на дискриминација поради појавата на коронавирусот кој првично почна во Кина. Зборувајќи на сесијата за човекови права во Женева таа побара од владите во светот да го запрат вознемирувачкиот бран против Азијците и да направат се да ја сопрат дискриминацијата. Земјите исто така треба да го употребуваат карантинот само кога тој е навистина неопходен и во случај на изолација мора да се почитуваат човековите права.

„Сите мерки за заштита на јавното здравство мора да се преземат без каква било дискриминација. Карантинот кој ја ограничува слободата на движење треба да биде пропорционален со ризикот, временски ограничени и безбедни“, рече Башелет.