Во Косово нема заразени од корона вирусот

Клиничкиот центар во Приштина

Националниот институт за јавно здравство на Косово синоќа објави дека ниту едно лице кое досега било хоспитализирано под сомнение дека е носител на коронавирусот, не е заразено од тој смртоносен вирус, јави МИА од Приштина.

Институтот објави дека е информиран оти во текот на вчерашниот ден на инфективната клиника на Клиничкиот и универзитетски центар на Косово се примени шест лица за кои имало сомневања дека се заразени со коронавирусот, но сите резултати биле негативни.

Од 8 февруари, се вели во соопштението, во Лабораторијата за молекуларна микробиологија, со соодветни методи, се тестирани вкупно 17 сомнителни примероци за вирусот Ковид-19 и сите имале негативни резултати.