Албанија: поддршка за протестот што го најави претседателот Мета

Љуљзим Баша, лидер на Демократската партија на Албанија

Обединетата албанска опозиција, предводена од Демократската партија, ќе го поддржи протестот што на 2 март на плоштадот „Народни херои “ ќе го организира шефот на државата Илир Мета. Ставот вчера го изнесе лидерот на демократите, Љуљзим Баша оценувајќи дека повикот на претседателот не е повик за политичките партии, туку за сите граѓани. Тој обвини дека земјата се наоѓа во длабока уставна и економска криза и побара колку е можно побрзо завршување на изборната реформа и спроведување предвремени избори.

Претходно, поддршка на протестот даде и лидерката на Социјалистичкото движење за интеграција, Моника Круемади, која е сопруга на претседателот Мета.