Осумина загинати во земјотрес во Турција

Спасувачки работник среде урнатини од зграда што се сруши во земјотрес.

Осум лица загинаа, а други се заглавени под урнатите згради во југоисточна Турција денеска по земјотрес со јачина од 5,7 степени кој ја погоди областа крај границата со Иран, соопшти турската влада додека спасувачки екипи бараат преживеани низ урнатините во околните села .

Тројца од загинатите се деца, а 21 лице се повредени, вклучувајќи осум кои се во критична состојба, соопшти турското Министерство за здравство. Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу изјави дека околу 1.066 згради се срушиле во потресот чијшто епицентар бил во рурална област на северозападен Иран.

Од снимките на турската телевизија се гледаат луѓе кои копаат со лопати и рацете низ урнати згради и жители завиткани во ќебиња пред домовите кои се урнати.

„ Земјотресот предизвикаа загуби на животи“, изјави гувернерот на Ван, Мехмет Билмез пред новинарите и дополни дека „ има уништување во четири села“, кои тој ги посети денеска.

Европскиот медитерански сеизмолошки центар соопшти дека земјотресот, кој се случил во 5:53 часот по полноќ по локално време е со длабочина од 5 км . Иранските власти соопштија дека потресот е почувствува во Иран, но дека нема извештаи за смртни случаи.

Турските радиодифузери и владини претставници соопштија дека земјотресот се случил во неколку села во Турција, кои, како Иран, имаат искуство со силни земјотреси. Министерството за образование пријави мала штета на неколку училишта во руралните области во Баскале, Сарај и Гурпанар.

Сојлу рече дека Службата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) започна со спасувачките работи во селата, вклучително и во Озпинар, на околу 25 км јужно од епицентарот.

Во земјотрес минатиот месец во источна Турција загинаа повеќе од 40 луѓе, додека друг во Иран направи оштетувања на домовите но не предизвика жртви.