За Шекеринска обвинувањата за грејдерите се манипулација, за ВМРО ДПМНЕ криминал

Илустративна фотографија.

„ВМРО ДПМНЕ ќе лажат секој ден затоа што само лагите им останаа" рече денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска коментирајќи ги нивите обвинувања за набавување машини грејдери за потребите на армијата по повисока цена.

" Не можеа да објаснат зошто 11 години ја запоставиле Армијата без ниту една инжинериска машина. И уште добија најдиректен демант дека купената машина воопшто не е иста како таа со која споредуваат“, рече Шекеринска која дополни:

„Трет ден ќе им повториме – се работи за различна машина. Споредувате неспоредливо за да ја покриете својата неспособност", изјави Шекеринска.

Вчера со демант излезе и српската компанија, преку која беа набавени машини-грејдери за потребите на Армијата, која соопшти дека тврдењата за злоупотреби и неправилности при реализацијата на набавката не се точни, оценувајќи дека станува збор за „лаги и злонамерни манипулации со фактите“.

Претходно денеска портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Димче Арсовски изјави дека институциите трет ден молчат за случајот со грејдери во Армијата на Република Македонија за кои неговата партија обвинува дека се преплатени.

"Грејдерите кои во Србија се продаваат за 108.000 евра по парче тука во Македонија се купуваат за над 230.000 евра по парче. Дали ова не е очигледен криминал? Каде и во чии џебови завршија над 250.000 евра разлика од двата грејдери, пари на граѓаните кои Радмила Шекеринска преку министерството за одбрана ги преплатила истите машини? Дали овој бонбона бизнис на Радмила Шекеринска е согласно НАТО стандардите кои што ги пропагира СДСМ?"изјави Арсовски.

700 милиони евра за модернизација на армијата во следните 10 години

Дел од предвидените инвестиции во одбраната со долгорочната стратегија за развој на одбранбените способности на Владата се над 150 оклопни возила за пешадија, хаубици со дострел до 20 километри, опрема за инженерски баталјон и специјализирани возила за справување со импровизирани експлозивни направи, интегриран систем за воздушно набљудување, дигитални радиотелефонски уреди и базни станици со заштита, како и замена на досегашниот телекомуникациски систем со оптички дигитален телекомуникациски систем. За оваа цел предвидено е во наредните 10 години, во период од 2019 до 2028 година да се потрошат 700 милиони евра