Косовскиот вицепремиер Хоти гаѓан со јајца

Косовскиот вицепремиер Авдулах Хоти

Косовскиот вицепремиер Авдулах Хоти е нападнат со јајца денеска во близина на објектот на Владата на Косово, јави МИА од Приштина.

До ова доаѓа по намерата на новата косовска Влада да ја укине таксата од 100 отсто на увозот од Србија и Босна и Херцеговина, која во ноември 2018 година ја воведе претходната влада на Рамуш Харадинај.

На видеото објавено на социјалните мрежи, се гледа како кон Хоти, кој е придружуван од уште три лица, некој фрла две јајца и извикува „таксата не смее да се укине“.

Партијата на Хоти, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) го осуди денешниот напад, нарекувајќи го „низок чин, кој е неприфатлив и штетен за решавачките политички процеси низ кои поминува земјата“.

Против укинувањето на таксата се партиите од претходната владејачка коалиција, а најгласни се Харадинај и неговата партија Алијанса за иднината на Косово