Расте бројот на починати од коронавирусот во Кина

Кина- доктор во заштитно одело кој ги лекува заболените од коронавирусот

Бројката на починати од коронавирусот во Кина се искачи на 2004 лица, 132 повеќе од претходниот ден. Бројот на потврдени случаи заболени од коронавирусот во таа земја, според последните информации е 74 185, а 700 случаи се потврдени во други земји од светот.

Во меѓувреме Украина испрати авион да ги земе своите државјани од Вухан, кинеската провинција која е епицентар на вирусот.

Авионот се очекува да стигне в петок утрото во Киев, а украинскиот министер за здравство соопшти дека ќе евакуираат 49 нивни државјани и 25 странци меѓу кои од Израел, Норвешка, Црна Гора, Шпанија и други земји. По нивното пристигнување во Украина тие ќе бидат во карантин 14 дена, а властите не откриваат каде ќе бидат сместени.